Францускиот претседател Емануел Макрон денеска на Твитер напиша дека се чувствува добро и дека постојано на транспарентен начин ќе ја информира јавноста за своето здравје.
„Нема причина работите да тргнат да се развиваат на лош начин”, напиша Макрон.
Тој додаде дека ќе продолжи редовно да ги извршува своите должности, иако со побавно темпо, пренесуваат британските медиуми.
Кабинетот на францускиот претседател вчера соопшти дека Макрон е позитивен на коронавирусот.
Макрон ќе биде во самоизолација седум дена, а во моментов работи од претседателската резиденција во близина на Версај, во близина на Париз.
Извор.МИА