Реформата на миграциската политика е огромен чекор за Европа, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Овој ден е навистина историски“, рече таа на прес-конференција во Брисел, поздравувајќи го фактот дека пактот за миграција конечно станува реалност.

Претходно денеска, нацрт-законот за миграција беше одобрен од Европскиот парламент. Тој беше поздравен од Берлин и Атина, а Варшава изрази несогласување.