Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изрази надеж дека Англија нема да мора да влезе во трета блокада по Божик и на тој начин да ги следи Велс и Северна Ирска во мерките за спречување на ширењето на ковид-19.

– Се надеваме дека ќе можеме да избегнеме такво нешто. Но, реалноста е дека стапките на зараза нагло се зголемија во последните неколку недели, рече Џонсон.

Бирото за статистика соопшти дека бројот на случаи се зголемил по завршување на последното заклучување на Англија на 2 декември. Разговорите, пак, за построги ограничувања доаѓаат во момент во кој Велика Британија се подготвува да ги олесни сите мерки за време на Божиќ.

Џонсон се спротивстави на притисокот да го смени законот, држејќи го ветувањето дека три домаќинства ќе можат да се соберат пет дена следната недела, но ги повика луѓето да бидат исклучително внимателни.

Северна Ирска и Велс веќе имаат план повторно да воведат заклучување после Божиќ.