Непријателот продолжува со целни ракетни напади на југот на Украина, повторно напаѓајќи го регионот Одеса, соопшти Оперативната команда Југ на Телеграм, пренесува Укринформ.
„Извршен е уште еден подмолен руски напад од привремено окупираниот Крим, најверојатно со балистичка ракета „Искандер-М“ во регионот на Одеса. Крајбрежната рекреативна зона повторно е нападната“, се вели во соопштението.
Се работи на расчистување на последиците.
Како што беше соопштено претходно, логистички и транспортен објект и бензинска пумпа биле оштетени во регионот Одеса за време на ноќниот напад на беспилотните летала Шахед на 8 април.
Подготвил: М.С.