Претставниците на Синдикатот за здравство кои денеска се собраа на протест пред Министерството за здравство ќе бидат примени од техничкиот министер за здравство Илир Демири.
Здравствените работници утрово, во организација на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, поддржани од Сојузот на синдикатите на Македонија, одржаа протест пред Министерството за здравство во знак на незадоволство од непотпишаниот анекс на Колективниот договор.
Протестот е под мотото „Здравството на протест за плата“.