За четири месеци имавме 130 илјади волонтери кои беа изложени на коронавирусот. Втор важен фактор е бројот на човечките ресурси и финансиските средства кои ги имавме. Никогаш досега не сме виделе толкав паричен прилив за да ја постигнеме целта. Зборувам за јавни пари (public money) така што компаниите беа под многу мал ризик и можеа да инвестираат, вели во интервју за РТС ексдиректорот на Европската агенција за лекови ЕМА, научникот, професор Гвидо Рази.
Тој по девет години, пред 15 дена го напушти кормилото на оваа научна институција во која му заврши мандатот и се врати на Универзитетот „Тор Вергата“ во Рим. Гвидо, во интервју за РТС, ексклузивно открива како за толку кратко време е пронајдена новата вакцина за ковид-19, што нè чека во наредниот период, која е разликата во вакцините, нус-појавите, која вакцина тој би ја примил…
За четири месеца имавме 130.000 волонтери кои беа изложени на вирусот така што од таа страна ни беше полесно. Тоа, инаку, е мошне долга фаза. Најчесто се потребни околу три години да се дојде до овој број, а ние за така кратко време веќе го имавме потребниот број луѓе. Тоа е најважниот фактор кога зборуваме за брзината за пронаоѓање на вакцината.
Втор важен фактор е бројот на човечките ресурси и финансиските средства кои ги имавме. Никогаш досега не сме виделе толкав паричен прилив за да ја постигнеме целта. Зборувам за јавни пари (public money) така што компаниите беа под многу мал ризик и можеа да инвестираат.
Третиот беше, а тоа го сторија и ЕМА и ФДА, кои направија task force, такa што наместо комитетот да мора да анализира 30 производи, требаше да почека досието да биде готово, да види кој стигнал прв. Решивме да направиме тим кој ќе ги следи само овие работи; во агенцијата ЕМА имаме 70 луѓе плус околу 300 луѓе во целата европска мрежа кои се занимаваат само со ковидот, а тоа е нешто што очигледно не може да се прави за секој лек. Значи, направено е многу нешто паралелно наместо едно по друго и тоа ни овозможи место за една година, колку што инаку ни е потребно, да биде смалено на три месеци, вели Рази.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.