Украина се наоѓа во „критична фаза“ во војната со Русија и итно ѝ е потребна поголема помош од Западот, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Тој изрази жалење за ќорсокакот во американскиот Конгрес поради пакетот воена помош вреден десетици милијарди долари за Кијив.
„Се наоѓаме во критичен момент кога е апсолутно суштинско да и се обезбеди на Украинците она што и понатаму и треба за да се одбранат, особено кога станува збор за муниција и противвоздушна одбрана“, рече Блинкен на заедничката прес-конференција со францускиот министер за вооружени сили Себастиен Лекорну.
Блинкен ова го изјави во Париз, каде што пристигна на разговори со голем број високи функционери и со претседателот Емануел Макрон, пренесува Укринформ, повикувајќи се на Ле Монд.
Блинкен и францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну претходно денеска ја посетија фабриката во која производителот на оружје „Некстер“ произведува самоодни хаубици „Цезар“. Лекорну рече дека „Некстер“ работи на зголемување на производството на два хаубици „Цезар“ месечно од моменталните шест.