Јужна Кореја уништи 6,1 милиони живина низ целата земја како дел од мерките за ограничување на ширењето на високо патогениот птичји грип Х5Н8, откако беа потврдени 18 случаи на вирусот на фармите низ целата земја, соопшти корејското Министерство за земјоделство, храна и рурални прашања.
Како што објави агенцијата Јонхап, уништени се четири милиони кокошки и 1,2 милиони потполошки, во согласност со законот на земјата, според кој живината во радиус од три километри од фармите изложени на вирусот мора да се уништи.
На крајот на октомври, азиската држава регистрираше нови случаи на грип Х5Н8 кај диви птици, првпат од 2018 година. Досега, откриени се 29 случаи на грип кај диви птици.
Покрај Јужна Кореја, неодамна е потврдена појава на птичји грип во Јапонија, Велика Британија, Холандија, Германија и Белгија.