Во Србија пристигнаа тестови за ковид-19 за домашна употреба. Цената за еден тест изнесува околу 11 евра и може да се купат во аптека.

Но, сепак и покрај тоа што не се многу скапи, фармацевтите предупредуваат дека е потребно медицинско знаење за нивна примена.

Директорката на аптеката „Белград“ во интервју за РТС Јасминка Бјелетиќ, објасни како се користи домашниот тест.

Знаеме дека немаме сите имаме доволно здравствено образование и дека може се случат грешки во користењето. Затоа тестовите не треба да се користат самоиницијативно, вели Бјелетиќ.

Фармацевтката вели дека треба да се внимава иако тестовите навидум изгледаат многу едноставни за употреба. Фармацевтката нагласи дека посебно треба да се внимава кога се земаат примероци од носот.

Со стапчето кој е стерилно, потребно е да се оди длабоко до коренот на носот, што е можно подлабоко, не смее да има грешка за да не се оди понатаму до потребното ниво и нежно да се извлече содржината од носот, со нежни движења. Кога содржината ќе се извлече, стапчето се потопува во веќе подготвената хемикалија и потоа се притиска пет пати, така што содржината и оние антигени што се присутни внатре на крајот се исцедат во шишето, објасни Бјелетиќ.

Таа посочи дека ако домашниот тест е позитивен, тој е секако позитивен, како и тестовите што се прават во лабораториите.

Ако тестот е негативен, не мора да значи дека 100 проценти е негативен, имајќи предвид дека тестот можеби е земен од пациентот малку порано, пред да се појави антигенот што го откриваме, заклучи Бјелетиќ.

Позитивен и лажно негативен тест

Ако резултатот на овој текст е позитивен, значи присуството на коронавирусот е сигурно.

Ако е негативен, тоа не значи дека не постои присуство на вирусот.

Епидемиологот Зоран Радовановиќ за Би-би-си на српски објаснува дека се работи за антигенски тест и дека постојат три причини тестот да биде непрецизен.

Првата причина е погрешно време на тестирање. Ако сте биле вчера во контакт со заразено лице и ако сте се заразиле, не можете денес да имате позитивен резултат. Најверојатно е присуството на вирусот да се открие меѓу првиот и петтиот ден од појавата на симптомите, вели Радовановиќ.

Втората причина е прецизноста со која се зема примерокот.

Низ носот во задниот ѕид на носниот дел на дишникот. Тоа е доста непријатно. Луѓето негодуваат кога го прави тоа некој искусен, па прашање е дали ќе можете дома сами да дојдете до задниот ѕид, вели тој.

Третата причина за лажно негативен домашен текст е што мора да има многу поголемо количество вирус во однос на ПЦР-тестовите за да биде позитивенен тестот.

ПЦР открива минимални концентрации. овие тестови користат друга техника, па и концентрацијата на вирусот мора да биде поголема за да биде прецизен. Затоа ПЦР е златен стандард. овој тест може да се користи под следниве услови – позитивен сум, значи тоа е точно. Негативен сум – подобро да направам ПЦР тест, објаснува Радовановиќ.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.