Преговарачот на Европската Унија (ЕУ) за трговските односи меѓу Брисел и Лондон по Брегзит, Мишел Барние изјави дека долгоочекуваниот договор е можен во петок.
Според извори на кои се повикуваат некои светски агенции, Барние пред европратениците изјавил дека ќе биде „тешко, но можно” до петок да се постигне трговски договор по Брегзит со Велика Британија.
Политичките групи во Европскиот парламент денеска предупредија дека ако не го добијат текстот на договорот до недела, нема да можат да го ратификуваат пред Велика Британија да го напушти единствениот пазар на ЕУ на 31 декември.