Претседателот на Европски совет (ЕС) Шарл Мишел ќе биде во самоизолација поради превентива, изјави портпаролот на Европска Унија,
Тој имаше средба со францускиот претседател Емануел Макрон, кој е позитивен на Ковид-19.
Портпаролот на ЕУ наведе дека Мишел редовно се тестира, а на тестот од вторникот бил негативен.
Претходно и шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека ќе биде во самоизолација до 24 декември поради средбата со Макрон.
Претходно,Елисејската палата соопшти дека Макрон е инфициран со новиот коронавирус.
– Претседателот денеска е тестиран и е позитивен. ПЦР тестот беше направен откако пројави први симптоми, се наведува во соопштението од Елисејска палата.
Макрон ќе биде во самоизолација следните седум дена. (МИА)