Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ кажа за соработката со ДУИ во изминатите осум години додека се на власт.

Маричиќ во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека тие во коалиција со ДУИ испорачале добри резултати.

„Имавме објективно тешка состојба, и таква беше формулата да направиме коалиција. Во 2020 година знаеме колку беше тесен резултатот. Бевме објективно во таква ситуација, но мора некои работи да ги правиме поинаку во идната влада, и колку сила даваме на политичките партии а колку на граѓаните, и сметам дека треба да им дадеме повеќе сила на граѓаните. Мислам дека сме имале една добра разбирачка со ДУИ во овие 7-8 години и сме испорачале конкретни резултати“, изјави Маричиќ.