Турција денеска го регистрира досега најцрниот ден од почетокот на пандемијата, откако во претходните 24 часа од заразната болест умреа 240 лица, а досега од неа фатално завршија вкупно 17.121 лица, соопшти Министерството за здравство.
Во Турција денеска има 29.718 новозаразени лица, во кои се вклучени и асимптоматските случаи. До 25 ноември во оваа земја се даваа само бројките на симптоматски случаи, но оттогаш во борењето се вклучија и асимптоматските случаи и во јавноста почна да се излегува со обединет извештај, јавуваат британските медиуми.
Досега во оваа земја со коронавирусот се заразени 1.928 милиони лица, соопшти Министерството за здравство.