САД денеска воведоа санкции за компании со седиште во Кина и Обединетите Арапски Емирати, обвинувајќи ги за поддршка на продажба на ирански петрохемиски производи.

Министерството за финансии на САД објави дека ставило на црната листа четири субјекти затоашто овозможиле извоз на ирански петрохемиски производи на петрохемиската компанија „Трилијанс Петрокемикал, која е погодена со санкции од Вашингтон од почетокот на оваа година.

Овој потег ја погоди и виетнамската корпорација за транспорт на гас и хемикалии поради нејзината поврзаност со значајни трансакции за транспорт на нафтени деривати од Иран, објави Министерството за финансии.

– Петрохемискиот и нафтениот сектор во Иран се примарните извори на финансирање на иранскиот режим, што тој го користи за поддршка на својата злонамерна домашна и странска агенда, рече министерот за финансии Стивен Мнучин, предупредувајќи дека САД ќе дејствуваат против оние што тоа го поддржуваат.

Санкциите ги замрзнуваат сите средства на американските компании и генерално им забрануваат на Американците да соработуваат со фирмите на црната листа.

Странските финансиски институции кои свесно ги олеснуваат трансакциите за оние кои се наоѓаат на црните листи, исто така, ризикуваат да бидат погодени од санкции, соопшти Министерството.

Извор.МИА