СДС освен што имаат проблем со својата понуда кон граѓаните, имаат сериозен проблем со меморијата. Се обидуваат со стари фотографии да шират лажни вести. Народот памети дека СДС и Пендаровски беа главните промотори на бугарските негаторски политики, велат од ВМРО-ДПМНЕ како одговор на прес конференцијата на Дарко Каевски, кој објави фотографија на Мицкоски и Муцунски со бугарскиот европратеник Ковачев.

Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ се вели:

Прво, Стево Пендаровски беше тој кој што гордо кажуваше дека добил политичка поддршка од Андреј Ковачев.

Второ, Стево Пендаровски беше тој кој што ги застапуваше идеите на Ковачев дека Гоце Делчев е Бугарин, и после оваа бесрамна изјава на Пендаровски неговиот пријател Ковачев ја пофали и ја користеше како аргумент во Брисел и Софија.

И трето, Ковачев, пријателот на Пендаровски ги напаѓаше Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека се пречката на бугарската негаторска политика.

Каевски: Сликите со Ковачев се потврда, бугарското и македонското ВМРО ја кочат нашата европска иднина