Кумановскиот градоначалник и кандидат за претседател, Максим Димитриевски се соочи со обвинение за злоупотреба на службена положба и овластувања, објави Телма.мк.

Според оваа телевизија, кумановскиот обвинител, Иса Сулејмани поднел обвинителен предлог по кривичната пријава на две кумановски фирми дека не им издава градежна дозвола за изградба на висококатница и покрај тоа што, адвокатскиот тим на Димитриевски барал тој да биде изземен поради пристрасност и селективно постапување во предистражната постапка.

Димитриевски тврди дека постои стручно мислење од експерти за случајот, кое обвинителот не го земал предвид. Во ова гледа политички прогон од страна на власта, преку нивни сателити во обвинителството и Уставниот суд, со цел предизборно да го дискредитираат.

Целата вест на Телма.мк.