Папата Франциск повика на спокојство. Тој потврди дека Божиќ оваа година ќе биде чествуван со ограничувања и непријатности, но додаде дека ова е можност да се свртиме кон нас самите и кон верата.
Поглаварот на Римокатоличката црква го посочи како пример животот на светото семејство – Јосиф и Марија, чии искуства во овие светли денови воопшто не биле лесни.
– Нека ова тешко време ни помогне да го смениме нашиот начин на живот и празнување на Божиќ. Да го преодолееме конзуматорството и да празнуваме повеќе во духот на религијата, поавтентично и поискрено, порача папата Франциск.