Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Неготино, информира градоначалникот Горан Стојанов. Се разговарало, како што рече Стојанов, за актуелни теми.

– Од моја страна беа презентирани информации за тековни работи на подрачјето на општина Неготино, а воедно го информирав министерот дека генерално безбедносната состојба на територијата на нашата општина е стабилна, соопшти градоначалникот.

Министерот Тошковски информирал дека целта на неговите посети на општините и средбите со припадниците на полицијата се со цел во претстојниот период од страна на сите институции да се постапува максимално професионално во рамки на утврдените правила и законски прописи, за обезбедување услови за спроведување мирни и демократски избори, на кои секој граѓанин слободно ќе може да го оствари своето гласачко право и изборниот процес да помине во мирна, фер и демократска атмосфера.