Постојаниот претставник на Русија во Европската унија, Владимир Чизов на денешниот онлајн брифинг како смешни ги оцени тврдењата на Алексеј Навални дека на неговите патувања бил следен од агенти на специјалните служби, кои и се обиделе да го отрујат.
Прашан да ја прокоментира најновата снимка во која Навални ги обвинува руските специјални служби за неговото труење, Чизов изјави дека ваквите наводи немаат никаква логика, пренесува Тасс.
Чизов смета дека поради пандемијата и другите вести очогледно е дека судбината на Навални почнала да паѓа во заборав.
-Можеби човекот се почувствувал навреден и решил да продолжи да го привлекува вниманието, претпоставува Чизов.
Според него, интересно е и тоа што Навални прво вината за неговото труење ја посочи кон една од руските специјални служби, а сега, како што вели, неговиот фокус е префрлен на друга.