Треперењето на окото може да биде прилично често и обично не треба да ве загрижува.
Состојбата на привремено или долготрајно треперење на окото се нарекува миокимија на капакот и е резултат на рефлекс од погрешниот пренос на невроните кои ги стимулираат вашите мускули.
Постојат неколку вообичаени причини поради кои најчесто се случува да ни трепери очниот капак:
- стрес
- вишок кофеин
- дехидрација
- замор
- напрегање на очите
- алкохол
- суво око
- проблеми со исхраната
- алергии
Во ретки случаи треперењето на окото може да биде знак и за одредени проблеми предизвикани од мозокот и нервите, но тогаш треперењето на окото го следат и други знаци и симптоми.
Побарајте лекарска помош доколку треперењето на окото трае подолго од две недели, доколку треперењето на окото се префрла во треперење и на други делови од лицето, а очите ви се црвени, потечени или имаат исцедок.
Како да го запрете треперењето на окото:
- спијте повеќе
- намалете го внесот на кофеин
- додадете витамини во исхраната
- оттргнете се малку од сите видови на монитори
- направете сè што можете да го намалите нивото на стрес
- правете си нежни масажи на лицето и очните капаци.
Преземено од Еспресо.мк