Блинкен го повика Хамас да прифати итен прекин на огнот во Газа

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска го повика Хамас да прифати „итен прекин на огнот“ со Израел, бидејќи разговорите во Каиро меѓу групата и египетските и катарските посредници се приближуваат кон својот крај.

„Имаме можност за итен прекин на огнот што може да ги врати заложниците дома, што може драматично да го зголеми количеството хуманитарна помош што стигнува до Палестинците на кои очајно им е потребна, а потоа и да се постават услови за трајно решение“, рече Блинкен за време на посетата на катарскиот премиер Шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал Тања во Вашингтон, објави „Тајмс оф Израел“.

Блинкен рече дека на Хамас е да донесе одлука дали е подготвен да се ангажира во тој прекин на огнот. Во исто време, тој пред средбата со Ал Тани, го повика Израел максимално да ги употреби „сите можни средства“ за испорака на хуманитарна помош во Газа, велејќи дека моменталната ситуација во густо населената енклава е неприфатлива и неодржлива.

Блинкен исто така рече дека токму сега постои можност да се постигне итен прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас, но дека е одговорност на палестинската милитантна група да се вклучи во тие преговори.