Единствената земја која сега засега целосно го има елиминирано коронавирусот е Нов Зеланд, пренесе AP.
Според премиерката Џасинда Ардерн, оваа цел е остварена од амбиција, но и од страв, бидејќи на почетокот на пандемијата дошле до заклучок дека здравствениот систем нема да може да се носи со прогресивната пандемија.
Одговорот на Нов Зеланд при појавата на COVID-19 и пандемијата беше меѓу најуспешните во светот, пред Кина, Тајван и Тајланд.
Оваа земја од 5 милиони жители имаше само 25 смртни случаи меѓу КОВИД пациентите и вкупно 2.100 заразени.
Земјата успешно го спречи ширењето на вирусот, дозволувајќи им на луѓето по карантинот да се вратат на работните места, во училиштата и во спортските активности, без рестрикции.