Разбиена е криминална група којашто печалела пари од продавање дрога која потекнува од фирма којашто била регистрирана за одгледување канабис за медицински цели. На чело на групата е ексградоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев. Освен Стојчев, уапсени се и други 9 лица, пренесува Сител.

Додека ја изршување функцијата „татко“ на Ново Село, во јули, 2018-тата, заедно со уште четири члена од неговото потесно семејство, беше фатен при обид за шверц на цигари близу македонско- бугарска граница. Првично си доби 18-месечна затворска казна, па подоцна му беше намалена на половина година.