Претседателот на Украина Володимир Зеленски, кој доцна синоќа пристигна во Тирана, главниот град на Албанија, ќе учествува на Самитот Украина-Југоисточна Европа и ќе разговара со премиерот на Албанија Еди Рама, објави Шефот на украинската државата на Телеграм.
„Денес работам во Тирана. Ќе се сретнам со бескомпромисниот пријател на Украина, Еди Рама и ќе учествувам на самитот Украина-Југоисточна Европа“, рече претседателот.
Како што објави предходно албанскиот министер за надворешни работи на Х доцна синоќа во Тирана пристигна претседателот на Украина Володимир Зеленски.
Тој во Албанија пристигна по средбата во Саудиска Арабија со принцот престолонаследник Мохамед бин Салман каде што двајцата разговарале за мировната формула на Кијив за ставање крај на конфликтот. за текот на руската двегодишна инвазија на Украина, истакнувајќи ги напорите на кралството да најде решение за ставање крај на војната.
Драган Мишев