По дојава за бучава од жителите на селото Сент Мард во општината Виртон, белгиската полиција прекинала оргија со 50 голи гости и ескорт девојки кои со дрога и алкохол го прославувале 28-миот роденден на пријателка, пренесуваат британските медиуми.
Сите присутни кои ги затекнала полицијата се Французи, пренесе Брисел Тајмс. Славеничката за прославата изнајмила викендичка која се наоѓа спроти ковид болница. Сопственикот на викендичката ја издал преку посредништво и не бил свесен што се случува на неговиот имот.
Полицијата ги казни сите гости со по 230 фунти. Тие по толку пари платиле и за да учествуваат на оргијата како и да се снабдат со дрога и алкохол. Еден од нив е обвинет за поседување азотен оксид (гас за смеење) и други дроги.
Ова е втор ваков скандал во Белгија за две недели. На 4 декември бриселската полиција упадна на геј оргија.
ВИДЕО: Геј оргии, проститутки и детска порнографија – Сите скандали на луѓето блиски до Орбан