Александар Јошески од Прилеп по кого се трагаше неколку дена, синоќа е пронајден мртов, јавија членови на неговото семејство, објави Телма.
Јошески исчезна на 21 февруари, а последен пат бил виден кај една автомеханичарска работилница во градот.
Од МВР информираат дека кај нив пријава дека лицето е пронајдено мртво добиле во 20:15 часот. Според нивните информации, телото на сега починатиот било пронајдено кај местото „Тропаш“.