Откако го заврши снимањето на петтата сезона на македонскиот ситком „Преспав“ каде што ја игра улогата на Германката Ула, Тијана Дапчевиќ се врати во Белград, а таму постојано е медиумски активна. Тијана стана сѐ почест гостин кај водителот Жика Јакшиќ во жирито на музичкиот натпревар „Никогаш не е доцна“, па ако мислевте дека е некое репризно издание кога гостувала Тијана, се лажете. Српските медиуми оваа прилика ја искористија за разговор, а забележаа дека Тијана никогаш не изгледала подобро, а акцентот го ставија на нејзиното длабоко деколте кое беше изненадување кога е нејзиниот моден израз во прашање.
Таа спомна дека коронависусот ѝ наштетил во поглед на килограмите, па сега е посветена на здрав начин на живот и исхрана. Призна дека повеќе не консумира алкохол (виски и ракија), но си дозволува да пие чаша вино двапати неделно. За среќа, таа вежба, во спротивно, како што вели, би изгледала поинаку.
„Воопшто не можам да ја повлечам рачната“, вели низ насмевка за „Гранд онлајн“ и додава: -Сега Жика и Маре ми рекоа „Тихомирe, не знаевме дека си го ималa тоа. Секогаш си закопчана до грло”. Немав идеја дека ќе биде вака, не го пробав ова – рече низ воздишка пејачката.