Градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари ќе биде кандидатот на ДУИ за претседател на Македонија, дознава МКД.мк од високи партиски ивори.
Неговата кандидатура се очекува да биде објавена во текот на неделава, најверојатно уште утре, откако ќе мине низ филтрите на ДУИ и со согласност на лидерот Али Ахмети, кој дефинитивно не ги прифатил сугестиите на високи функционери тој самиот да му биде противкандидат на Арбен Таравари од опозициската коалиција на Албанците.
Инаку, во изминатиот период се шпекулираше дека дури Али Ахмети би можел да биде кандидат, но сепак оваа опција не е во игра, бидејќи како што изјави Талат Џафери, Ахмети не бил функционер, туку визионер. Освен Дехари во игра наводно бил и Бујар Османи, но останува да се види со кој ќе „трча“ ДУИ на изборите.
Целата вест на МКД.мк