Скандалот во кој обезбедувањето на Христијан Мицкоски тепаше полицаец, отвори многу  прашања. Освен што со тепањето го покажа вистинското, криминално лице на ВМРО-МВРО, јавноста треба да знае зошто обезбедувањето на Мицкоски седи пред вратите на кафе бар навечер?, порачува Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.

На прес конференцијата тој порача:

МВР и техничкиот министер за внатрешни работи од ДПМНЕ треба да излезе пред граѓаните и да одговори:

Која била улогата на обезбедувањето на Мицкоски?

Дали неговата задача била да спречи акција против дилери на дрога?

Дали тие дилери на дрога се поврзани со Христијан Мицкоски и ДПМНЕ и на кој начин?

Граѓаните ги очекуваат одговорите.

Институциите мораат да постапат и секој инволвиран да понесе одговорност.

Овој скандал кој води директно со белата палата мора да биде расчистен целосно.