Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари преку објава на Фејсбук отворено го покани лидерот на ДУИ, Али Ахмети да ја објави и тој својата кандидатура за претседател.
-Пропагандата на ДУИ, откако ја објавив мојата кандидатура за претседател, еднаш вели дека Али Ахмети ќе се појави како кандидат, еднаш се повлекува … Отворено го поканувам господинот Али Ахмети да се натпреварува и вие да одберете кој повеќе и подобро ве претставува!, напиша Таравари.























