Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ се карактеризираше со трите „П“: пендрек, пари и пропаганда. Не поминаа повеќе од дваесеттина дена откако ВМРО-ДПМНЕ партиципира во преодната Влада и веднаш го земаа првото П – ПЕНДРЕКОТ, се вели во реакцијата на НСДП, за инцидентот кој се случил синоќа по полноќ, во кој телохранителот на Мицкоски, нападнал полицаец кој бил на службена должност.
Во продолжение реакцијата на НСДП:
Мицковски преку личниот адвокат, а сега министер за внатрешни работи го воскреснува МВРО. Матрицата на делување на МВРО-ВМРО останува иста, не им беа доволни седум години за да се реформираат. Со вчерашниот настан личното обезбедувањето на Мицковски демонстрираше насилие и надмоќ врз службено лице вработено во МВР.
Седум години со широк општествен и институционален консензус и со подршка од меѓународните партнери се направија голем број на реформи за професионализација на безбедносните служби, а само преку еден настан МВРО покажаа како се рушат стандардите и системот. НСДП го осудува ваквото непрофесионално однесување на блиските луѓе околу Мицковски и очекуваме да поднесат одговорност.
Граѓаните ќе ценат каква иднина сакаат, дали сакаат професионални институции или враќање на МВРО-ВМРО.






















