Вториот прекухоризонтски радар „Контејнер” ќе почне со пробно-борбено дежурство во Амурската област во 2024 година за контрола на воздушниот простор во источен правец, изјави за „Спутник“ извор од воено-индустрискиот комплекс, пренесува агенцијата „Танјуг“.
Се наведува дека главна цел на вториот радар „Контејнер” ќе биде зголемено следење во источниот стратешки воздушно-вселенски правец, во услови на зголемената активност на американската авијација, како и со цел навремено спротивставување на потенцијалните воздушни закани.
Новиот радар ќе биде тестиран во 2023-2024 година.
„Контејнер” може да открие каков било авион, крстосувачка ракета, па и хиперсонични летала.