„Треба да излезат и да кажат ‘Се што сме кажале во изминатите пет години сме лажеле’, бидејќи тие го лажеле народот дека во моментот кога ќе влезат во Влада ќе го вратат старото уставно име на државата. А тоа беше целата нивна кампања, таму нема економска програма, таму нема социјална програма, таму единствено има како да има кавга со Грција и како да има кавга со Бугарија и како да има кавга со другите етнички заедници во државата“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за МИА.
Тој додаде дека токму и тоа е програмата на ВМРО-ДПМНЕ, национализам и гол популизам и на тоа завршува.
„Не треба веќе да се подгрева кај граѓаните бидејќи се покажа како лажно она што го правеше ВМРО-ДПМНЕ што ќе дојдеме на власт ние ќе го вратиме старото име, гледате дека ништо не вратија. Тоа сигурно влијаело и кај граѓаните зашто сега ќе менуваме документи пошто овие кога ќе дојдат ќе го вратат старото име гледате сега дека имаат министри во Владата и нема ништо од враќање на старото име“ рече Ковачевски.
Претседателот на СДСМ рече дека сега претставниците од ВМРО-ДПМНЕ се сликаат пред табли со Северна Македонија и одржуваат контакти со амбасадите на Грција.























