Висок претставник на Светската здравствена организација изјави дека агенцијата преговара со компанијата Фајзер со цел нејзината вакцина да биде вклучена во програмата за рана дистрибуција на вакцините на глобално ниво.
Високиот службеник на Светската здравствена организација Брус Ејлвард изјави дека извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурл, покажал „силна посветеност“ да понуди цени соодветни за посиромашното население.
Ејлвард рече дека очекува вести од повеќе производители за приклучување кон програмата Ковакс во следните неколку недели.