Лекарот Арбен Тарвари и поранешен министер за здравство ќе биде кандидат за претседател од албанската опозиција, објави ТВ21.

Ова било договорено деновиве, а официјалицирано вечерва по консултации меѓу опозиционите партии кои се групирани во коалиција, во Европски сојуз за промени, каде што се Алијанса за Албанците, Демократско движење, БЕСА и Алтернатива.

Кандидатурата на Таравари ќе биде и официјално потврдена на утрешната прес конференција.