Откако се створи невидена гужва на техничките прегледи за граѓаните да добијат НМК налепница на табличките, некои од продавниците во Чаир кои продаваат претежно делови за автомобили, во својата понуда имаат и налепници, и тоа по цена од 50 денари, објави Фактор.
Екипата на Фактор вчера попладне лично се увери во тоа. Возачи застануваа и си купуваа налепници, кои ги има за предни и задни таблички, што значи за двете треба да се плати 100 денари.
Освен во продавниците низ Чаир, се продаваат и онлајн.
























