Од утре, граѓаните кои немаат ознака НМК на регистарските таблички нема да може да ја напуштат државата, објави Сител телевизија.
Новинарска екипа на Сител посети неколку станици за технички преглед, на дел од нив имаше налепници, во дел не.
Онаму каде што имаше налепници, процедурата оди брзо. Се пополнува барање, а треба да се поднесе и сообраќајна и возачка дозвола. Потоа надлежните службеници ја лепат налепницата врз регистрацијата. Мора да се оди лично. За друг не може да земете налепница.























