Заменик гувернерот на Кабул, Махбубулах Мохеби загина во експлозија на бомба која била прикачена на неговиот автомобил.
Повредени се и двајца негови телохранители, јави агенцијата ДПА, повикувајќи се на портпарол на Министерството за внатрешни работи. Во експлозијата загинал и секретарот на Мохеби.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Минатата недела авганистански обвинител беше застрелан во источен Кабул.