Францускиот претседател Емануел Макрон вети дека ќе се одржи референдум за ревизија на Уставот со цел вклучување во него на борбата против климатските промени и зачувување на животната средина.
Во обраќање на Граѓанскиот совет за клима, Макрон рече дека е подготвен во членот 1 од Уставот да ги вклучи спомнувањето на биодиверзитетот, животната средина и борбата против климатските промени.
– Тоа ќе се најде на референдум, нагласи Макрон.
За да се одржи референдум во Франција, мора да има договор меѓу Долниот и Горниот дом на Парламентот.