Во тек се преговори со повеќе заинтересирани инвеститори за купување на имотот и опремата на комбинатот Еуроникел, кои сега се во сопственост на Комерцијална банка.

Сепак, како што соопштуваат од Банката заради доверливоста на преговарачкиот процес со потенцијалните инвеститори, не се во можност во моментот да споделува повеќе информации во врска со оваа постапка.

Притоа, секако дека на секој потенцијален купувач на имотот и опремата на Еуроникел ќе му требаат и работници за извршување на производниот процес.