Српскиот музичар Ѓорѓе Давид за тамошните медиуми даде изјава во која признал дека удрил пешак кај ГП Табановце. Во сообраќајката која се случила синоќа, загина 49-годишна кумановка.

„Точно е, се случила сообраќајна несреќа синоќа на 3 километри од македонската граница. Наводно девојката и нејзиниот сопатник излегле од местото и влегле на автопат во спротивна насока. Возејќи во спротивна насока девојката налетала на автомобил и се судрила директно со него. Возачот на автомобилот во кој удрила е тешко повреден, сега се бори за живот, додека неговиот сопатник е полесно повреден. Девојката која управувала со автомобилот и удрила во нивниот автомобил е згмечена, полесно повредена.Сепак, нејзиниот сопатник не бил“, вели тој и додава:

-По несреќата останаа на автопатот, едниот е на левата коловозна лента, другиот во десната, а минута и пол потоа ги удрив со брзина пропишана со знакот за автопат и директно ги удрив. Со автомобилот удрив во сопатникот кој се движеше по автопатот. Магла беше, ги вклучив долгите светла и беше секунда. Налетав на лицето кое одеше по патот. Силата на ударот предизвика да скршнам од автопатот и застанав во некои грмушки, вели тој.

Кумановското обвинителство извршило увид во сообраќајната несреќа што се случи вчера пред граничниот премин Табановце во која загина 49-годишна жена од Куманово.

Според првичните сознанија на Обвинителството, до несреќата дошло така што прво настанал судир меѓу автомобилите со македонски таблички бидејќи едн од возилата влегло на автопат од недозволена насока, а откако жената излегла од автомобилот, во неа налетало возилото со српски ознаки. Од здобиените повреди, кумановката починала.

-Според првичните сознанија, иницијалниот судар меѓу два автомобили, „Фолксваген поло“ со кумановски и „Фолксваген голф“ со скопски регистарски таблици, бил предизвикан кога најверојатно возачот на еден од автомобилите влегол на автопат во недозволена насока. По тој првичен судар, патничката од кумановското возило излегла од автомобилот и во тој момент на неа налетал автомобил „Опел инсигниа“ со српски регистарски таблици. Од ударот жената се здобила со тешки повреди од кои починала, соопшти Обвинителството.