Град Скопје склучи договор во вредност од 7,7 милиони евра со фирмата „Бауер“ за изградба на клучка на булеварот Словенија на вкрстувањето со Качанички пат, објави СДК.мк
Станува збор за втората фаза од проектот за изградба на клучка и булевар на потегот од Момин Поток до булеварот Словенија, со цел растоварување на сообраќајот во овој дел од градот.
Како што пишува СДК.мк, станува збор за истата фирма која градоначалничката Данела Арсовска еден месец по стапување на функцијата, во декември 2021, ја казни со 88.000 евра за загадување на Скопје.
Целата вест на СДК.мк






















