Градоначалникот на општина Гостивар и претседател на Алијанса за албанците Арбен Таравари оствари средба со амбасадорот на Чешката Република, неговата екселенција, Јарослав Лудва при неговата посета на Гостивар.

Од службата за информирање на АА, посочија дека на средбата претседателот Таравари и амбасадорот Лудва разговарале за, како што наведоа во соопштението, предизвиците со кои се соочува државата. Посебен акцент бил ставен на владеењето на правото, борбата против корупцијата и уставните измени.

Таравари, на амбасадорот Лудва му искажал благодарност за континуираната поддршка што ја дава чешката држава, која како што потенцирал е докажан партнер на земјата и во процесот на евроинтеграции.