Новите откритија ги поттикнаа молекуларните биолози да продолжат со истражувањето
Кинеските молекуларни биолози открија дека вирусот корона влегува во човечките клетки не само преку рецепторите на ензимот 2 (ACE2), туку и преку рецепторите SR-B1, кои ги препознаваат молекулите на холестерол, објави ТАС С.
– Сличноста помеѓу инфекциите со ковид 19 и САРС покажува дека антитела и пептиди насочени кон ACE2 може да се користат во третман против ковид 19. Знаејќи дека коронавирусот исто така влегува преку рецепторите на SR-B1, сугерираме дека лековите насочени кон SR-B1 може да дејствуваат како антивирусни кои ја ограничуваат инфекцијата со ковид 19 – напишаа научниците во списанието „Природен метаболизам“, а пренесува Танјуг.
Можноста вирусот на коронавирус да се поврзе со различни рецептори ги принуди научниците да испитаат со кои други рецептори може да се поврзе, што може да го одреди текот на третманот.