Дождот не ги спречи граѓаните на Краков да ја изразат својата поддршка и солидарност со Украина која веќе втор ден е жртва на засилен ракетен терор од рускиот агресор, со најголеми размери оваа година.
На 29 декември, и Скопје се најде на светската мапа на граѓански иницијативи за солидарност со Украина. Во скопскиот Парк на Жената-борец, пред споменикот на Тарас Шевченко, здружението „Лесја Украинка“ имаше обраќање до јавноста. Истовремено, и ЦИВИЛ објави соопштение во кое најостро ги осуди руската агресија и ракетните напади против цивилите во Украина.
Од Краков: Драган Мишев / ЦИВИЛ МЕДИА