Од вкупно тројца кандидати кои требаше да се тркаат за фотелјата републички обвинител, остана само Љупчо Коцевски. Фатиме Фетаи и Лидија Раичевиќ отпаднаа. За Коцевски позитивно мислење дале сите членови на Советот на јавни обвинители, додека за Раичевиќ не. Фатиме Фетаи не помина поради тоа што не доставила уверение за деловна способност. Сепак, таа порачува дека Советот треба да си ја преиспита својата одлука, бидејќи според неа, познавање на македнски јазик и деловсна способност треба да се подразбираат дека секој кандидат ги има.
Според процедурата, Советот на јавни обвинители дава позитивно или негативно мислење до Владата, по што Владата до Собранието предлага еден од кандидатите што добил позитивно мислење.
Новиот државен јавен обвинител го бира Собранието, со мандат од шест години.






















