Компанијата „Сони“ се соочува со тужба во која би можела да загуби 7,9 милијарди долари.
Адвокатите на компанијата се надеваат дека ќе можат да ја одбранат од обвинувањата дека „Плејстејшн стор“ им наплаќала на корисниците на „Сони“ повеќе отколку што би требало.
Првично, тужбата почнала од она што го кажува во условите што програмерите и издавачите треба да ги прифатат кога сакаат да продадат видео игра користејќи ја „Плејстејшн стор“. Со оглед на тоа што „Сони“ зема провизија од 30%, компанијата наводно им наплаќа на клиентите многу повеќе отколку што треба за дигитални наслови.
Иако оваа тема е веќе видена во тужбите поднесени против „Епл“ или „Гугл“ (на чело со „Епик гејмс“), овој пат не тужат издавачите, туку клиентите.
Како што пренесува „Ројтерс“, судот во Лондон дозволил процесот да продолжи, иако адвокатите на „Сони“ се надевале дека тужбата ќе биде отфрлена. Според тужителите, „Сони“ ја „злоупотребува својата доминантна позиција на пазарот“.
Ако се спроведе колективната постапка, „Сони“ ќе мора да плати отштета од речиси 8 милијарди долари.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.