Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Курир вели дека состојбата на терен со земјоделците е разочарувачка и вели дека власта не треба да си поигрува со земјоделците, бидејќи тие ја хранат нашата земја.

Тврди дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт ќе има повисоки субвенции, откупни центри и сигурна цена.

-Состојбите на терен се разочарувачки. Од она што разговарам со земјоделците гледам голем револт, незадоволство, но и загриженост кај нив. И сосема е разбирлива оваа реакција, бидејќи секоја година е се понеизвесна кога станува збор за откуп и пласман на земјоделските производи, токму и поради тоа се случуваат тие протести и блокирања на патни правци. Дополнително ме загрижува и тоа што премиерот на Владата Димитар Ковачевски и министерот Љупчо Николовски се глуви на проблемите и барањата на земјоделците, и наместо да им помогнат, тие ги обвинуваат земјоделците дека протестите биле партиски или дека нивните барања биле не реални. Ковачевски до сега нема ниту една средба со земјоделците, и тоа е доволен показател дека не води грижа за нив. Така што според мене, никој не може да протестира доколку ситуацијата е одлична, сепак тоа се земјоделци кои со својот труд и работа прехрануваат цели семејства. Затоа слободно можам да кажам дека со СДСМ во земјоделието никогаш не било полошо, вели Трипуновски во дел од интервјуто.