Во гостување на радио „Канал 77“, американската амбасадорка Анџела Агелер го коментираше писмото на поранешниот премиер Зоран Заев, во кое тој го бранеше Кочо Анѓушев, откако американскиот Стејт Департмент одлучи да го стави на црната листа поради вмешаност во корупција.

-Со поранешниот премиер сум разговарала многу, иако не во последно време. Тој настапи и се зазема за свој пријател и секако има право да го стори тоа – рече Агелер.