Израелски војници се снимени во скандалозно однесување во една џамија во која упаднале во Џенин, Западен Брег. Откако по операцијата убиле 11 палестинци, според извори на Министерството за здравство на Газа, упаднале во џамијата, го грабнале микрофонот и почнале да кажуваат еврејски молитви. Во едно видео, песна за протерување на темнината, поврзана со актуелниот еврејски фестивал Ханука, се пушта на хебрејски над звучниците во минарето. Војникот што снима се смее и се придружува на песната. Друго видео покажува војник во џамија како рецитира еврејска молитва на микрофон. Челниците на израелската армија велат дека ќе ги казнат овие војници.
⚡️Zionist militants take over a Mosque in Jenin and performs what sounds like Talmudic songs pic.twitter.com/fmr3J6A3ox
— War Monitor (@WarMonitors) December 14, 2023
From a mosque in Jenin. 🇮🇱 pic.twitter.com/UO1lCEnZ6X
— Mossad Commentary (@MOSSADil) December 13, 2023